Костадинов: Давам збор дека ќе ги претставувам граѓаните на мојата Струмица одговорно, чесно и отчетно

Собранието на денешната конститутивна седница на предлог на Верификациската комисија ги верификуваше мандатите на 120-те пратеници на десеттиот парламентарен состав избрани на предвремените парламентарни избори одржани на 15 јули.

Пратеникот од редовите на СДСМ, Костадин Костадинов се огласи на Фејсбук по завршувањето на седницата.

„Започна конститутивната седница на Македонскиот Парламент.

Да се биде пратеник е огромна чест и одговорност.
Давам збор дека ќе ги претставувам граѓаните на мојата Струмица одговорно, чесно и отчетно!

Самата победа од близу 4.000 гласови разлика во Струмица е дополнителен порив уште повеќе да се вложам во реализацијата на стратешките цели на државата и на граѓаните“, напиша Костадинов.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.08.2020 - 14:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега