Костадинов му возврати на Стоилковски: Ја разбирам фрустрираноста на човек кој нема нема пријатели

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски на Фејсбук денеска напиша  дека премиерот Зоран Заев се подновил со вила на Егејското море, додека портпаролот на СДСМ, Коста Костадинов се подновил со нов мотор вреден 20 илјади евра.

Костадинов му возврати дека мотоциклот не го пријавил во анкетниот лист, бидејќи не е негов.

„Гледам Наум од ВМРО-ДПМНЕ ме прозвал на фб за фотографијата што сум ја објавил вчера.

Ја разбирам фрустрираноста на човек кој нема пријатели, нема со кого да сподели моменти, да прошета, да го помине слободното време...

Имено, не можам да ставам во анкетен лист нешто што не е мое.

А кога сме кај справувањето со Ковид19, знае јавноста, срамота е ВМРО-ДПМНЕ да зборува за тоа.

Како и да е, ова е убава прилика да соопштам дека како и до сега, ќе давам се од себе и ќе помагам на луѓето на кои помошта во овој тежок период им е најпотребна.

Лично ќе одвојам дел од мојата плата за набавка на 3 лап топ комплутери за семејства кои не можат тоа да си го дозволат.

Го повикувам и Наум, но и сите функционери во Северна Македонија, да се издигнеме над дневно партиските интереси и да помогнеме таму каде што е тоа најпотребно.

Време е за солидарност, време е да бидеме луѓе, наместо да се делиме на партии, етникуми, по вера, по боја....“, напиша Костадиниов.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.10.2020 - 11:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега