Костадинов: Обезбедени 60 респиратори и друга итно потребна медицинска опрема

„Со членството во НАТО, Република Северна Македонија оствари децениска стратешка цел и ја осигура безбедноста, стабилноста и територијалниот интегритет.

Освен безбедносни гаранции, членството во НАТО за нашата земја обезбедува помош и поддршка и во справување со здравствената криза со коронавирусот.

НАТО Алијансата за Република Македонија обезбеди 60 респиратори и друга итно потребна медицинска опрема во вредност од 1,4 милиони евра, како директна помош во справува со коронавирусот“, рече Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

„Ова, е доказ за силното сојузништво што Северна Македонија го гради со новите партнери во НАТО, доказ дека можеме да сметаме на поддршката на 29 земји членки на Алијансата.

Членството во НАТО значи помош и поддршка во секакви кризни ситуации во кои би се нашла нашата земја и затоа беше важно да станеме дел од овој силен меѓународен сојуз.

Покрај помошта од НАТО, за нашата земја, од страна на ЕУ обезбедени се 80 милиони евра макрофинансиска помош за надминување на кризата предизвикана од коронавирусот.

СДСМ како државотворна и одговорна партија продолжува да работи на интеграција и зајакнување на меѓународната позиција на Република Северна Македонија.

Продолжуваме да градиме силни меѓународни односи, да ги јакнеме пријателствата и сојузништвата кои значат поголема поддршка и помош за нашата татковина.

Остануваме целосно посветени на евроинтегративниот процес. Влеговме во НАТО, ќе покажеме дека можеме и во ЕУ“, изјави Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.10.2020 - 12:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега