Костадинов: Партијата ќе се реорганизира, а граѓаните да се потсетат како се живеело пред четири години

„Одлуката на претседателот Заев е негова лична одлука и ние ја почитуваме. Тоа е одлука што кај нас првпат се случува од позиција на власт, тоа е голем чин, но имајќи ги предвид состојбите, потребна е нормализација“, истакна претседателот на Централниот одбор на СДСМ, Перо Костадинов во гостувањето во „Утрински брифинг“.

Костадинов потенцираше луѓето да се потсетат како се живеело пред четири до пет години.

„Многу процеси во државата сега течат во вистинска насока. Од партијата, пак, испративме пораки на обединување и партијата дополнително ќе се реорганизира наредниов период. Верувам дека патот што е трасиран изминатиот период ќе го задржиме и не сакам да верувам дека повторно ќе имаме процеси на назадување и периодот на убиство на духот на младите повторно да се врати“, истакна Костадинов.

10.11.2021 - 11:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега