Костадинов: Повторно сомнително изборно рекламирање на ВМРО-ДПМНЕ, ништо не е променето во белиот дворец

Отворената истрага врз основа за сомневања за неправилности во изборното рекламирање на ВМРО-ДПМНЕ само покажува дека во оваа партија ништо не сменето, рече денеска потпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

„Според јавно објавени информации, стотина илјади евра, пари од Буџетот, ВМРО-ДПМНЕ потрошила за изборно рекламирање на интернет портали, дури и на непознати медиуми, без импресум, без редакции. Ваквото расипничко и неодговорно однесување на ВМРО-ДПМНЕ е истата, стара, криминална матрица на оваа партија. Речиси и да нема изборна кампања на ВМРО-ДПМНЕ во последите години која што не е спорна или сомнителна.За изборната кампања за Гордана Сиљановска, ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски ја затвори сметката со долг од 400.000 евра, спротивно на законот од член 71 од Изборниот законик“ вели Костадинов.

Тој нагласи дека за оваа кампања, но и други, јавноста дозна и за сомнителните шеми преку фирми на Орце Камчев.

„Претходно, ВМРО-ДПМНЕ предводено од шефот на Мицкоски, Никола Груевски, оставше долгови од над три милиони евра.

Односот и кон законите но и кон медиумите, на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски е ист и непроменет.

За потсетување, на почетокот на годинава словенечки медиуми објавија истражување во кое беа наведени сериозни сомнежи дека ВМРО-ДПМНЕ со 2,5 милиони евра, црни пари од Унгарија финансирала медиуми во државава кои ширеа и се уште шират антидржавна пропаганда.

Дали е нешто слично и со последниот случај со интернет порталите, оставаме да покаже истрагата.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ треба да знаат дека помина времето кога се затвораа сметки за изборни кампањи со милионски долгови без да има одговорност, помина времето кога со парите од граѓаните ВМРО-ДПМНЕ вршеше поткуп на медиуми.

Сега е време на одговорност. Очекуваме надлежните институции брзо да го разрешат овој случај, но и сите претходни случаи каде ВМРО-ДПМНЕ ги прекршува законите.

Одговорност за овој, но и за сите прекршувања на законите мора да има. Следува ред, правда и дисциплина“ рече Костадинов на прес конференцијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.09.2020 - 12:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега