Костадинов: Тежок ден за мојата Струмица

Тежок ден за мојата Струмица…

На овој голем празник Мала Богородица сакам само да упатам апел на силно лидерство, одговорност, но и апел на толеранција, напиша пратеникот од редовите на СДСМ, Костадин Костадинов, откако денеска во Струмица се случија неколку настани кои ги потресоа граѓаните.

„Вредностите на соживотот, взаемното разбирање, почитување, единството се градат мачно и се непроценливо богатство на граѓанството од секаков аспект, но се рушат за еден миг!

Со силно лидерство и огромно разбирање, мораме да се обединиме во духот на толеранцијата, во име на нашето заедничко утре.

Почитувајте ги мерките, почитувајте се себе, оти на крајот од денот, се зависи од сите нас“, напиша Костадинов.

Веста која најмногу одекна во јавност беше информацијата дека група струмичани украле мртовец од Инфективното одделение на општата болница. Подоцна директорот на болницата соопшти и дека со правовремена интервенција на полицијата бил спречен инцидент, откако еден од роднините 9-месечно бебе кое починало во болницата, реагирал обвинувајќи ги лекарите за смртта на детето, изјави директорот Гогов.

Освен овие две се случија и уште неколку инциденти: тепачка пред Основниот суд во Струмица, пожар во камион на патот Струмица - Радовиш, кај рудникот Бучим и сообраќајна несреќа кај Василево.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.09.2020 - 23:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа