Костадинов: За три месеци, околу 20.000 компании добиле добиле финансиска поддршка за вработените

Преку мерката финансиска поддршка од 14.500 денари по вработен, во месеците април, мај и јуни со 79,5 милиони евра поддржани се околу 120.000 вработени лица и околу 20.000 компании. Ова го истакна портпаролот на СДСМ и пратеник, Костадин Костадинов на прес-конференција.

Покрај компаниите, со финансиска поддршка биле поддржани и речиси 6.000 вршители на самостојни дејности, а вкупната поддршка изнесува над четири милиони евра во период од три месеци.

Костадинов рече дека СДСМ, преку Владата којашто ја предводи, презело ефикасни и навремени економски мерки за помош на граѓаните и економијата во справување со последиците од коронавирусот.

„Ова не се само обични бројки, ова не е само обична статистика. Ова се реални работни места во нашата економија“, истакна Костадинов.

Тој најави дека во тек се подготовките на четвртиот пакет антикризни мерки кој наскоро ќе биде презентиран и кој ќе донесе уште поголема поддршка на работниците и компаниите.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.09.2020 - 12:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега