Костадинов: Заев се соочи со смртта на 27-ми Април, за денес да бидеме слободна држава

Заев се соочи со смртта на 27 ми Април, за денес да бидеме слободна држава. Заев се соочи со смртта за денес да сме пред отварање на преговори со ЕУ и да станеме членка на НАТО. Заев се соочи со смртта за денес го реализираме концептот едно општество за сите, напиша портпаролот на СДСМ на својот Фејсбук профил.

„Од друга страна Мицкоски сеуште не се оградува од оние кои пробаа да ги убијат Заев,пратениците, новинарите, до тој степен да истите ги нарекува патриоти.

Мицкоски му смета правната држава, му смета правдата, му сметаат институциите.

Со сите сценарија, со сите лажни вести кои ги пласира Мицкоски треба едно нешто да му биде совршено јасно.

Нема да ти помине! Правда ќе има и секој кој што се огрешил пред законот ќе одговара“, напиша Костадинов.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.08.2019 - 14:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега