Костадинова: Заев е најодговорен за еколошката катастрофа која што вчера му се случи на Скопје

„Човекот кој не пропушта шанса да се фотографира и појави пред медиумите, Зоран Заев го нема никаде. Тој е најодговорен за еколошката катастрофа која што вчера му се случи на Скопје со оглед на фактот што чистењето на просторот во „Охис“ е под надлежност на Владата. Додека граѓаните беа во паника, никаде го немаше ниту Макрадули, ниту градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски. Што ли треба да се случи за некој од власта да понесе одговорност. Време е власта да се соочи со последиците од неспособноста.“

-Јавноста мора да добие одговор дали фирмата која е овластена да го менаџира токсичниот отпад има лиценца за управување со токсичен отпад и отрови? Доколку нема дали воопшто некој од власта и вршел контрола? Одговор мора да има и на прашањето дали стечајниот управник и судијата потпишале договор уште во февруари за дислокација на дел од опасните супстанци како што се течниот хлор и метил акрилат, но досега ништо не е преземено иако парите се исплатени. Дали во Владата се свесни дека доколку се случи хаварија со само еден канистер со 30 литри хлор истечен, ќе треба да се евакуира цело Скопје, а целата количина од 15-тина тони може да контаминира 1/3 од Македонија? Човечки животи се во прашање, во прашање е здравјето на граѓаните, одговорност мора да има!, потенцираше Костадинова.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.11.2019 - 14:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега