Костовски: Функционери на ВМРО-ДПМНЕ летуваат на луксузни локации, а глумат загриженост за економскиот стандард

Функционерите на ВМРО-ДПМНЕ не се ништо, освен лицемери и лажговци. Додека наводно се загрижени за економскиот стандард на граѓаните, високи функционери на оваа партија летуваат на луксузни локации, изјави на денешната прес-конференција, Мартин Костовски, пратеник на СДСМ.

Тој истакна дека портпаролот Димче Арсовски, кој на прес-конференции глуми загрижен за економската состојба, својот летен одмор го минува во Монте Карло. Јавно објавени фотографии покажуваат дека тој заедно со сопругата е на плажата „Ники“ во Монте Карло, монденско место на кое летува светскиот џет-сет. Колку е скапо ова задоволство на Арсовски покажува и менито во ресторанот на плажата, каде што една порција оброк достигнува и до 98 евра.

Костовски наведе дека истовремено Христијан Мицкоски летува во Црна Гора, во близина на Котор, каде што, според информациите, едно ноќевање во вила чини и 1.000 евра.

Додека ја плашат јавноста со црни економски сценарија, функционери на ВМРО-ДПМНЕ трошат илјадници евра за одмор на луксузни локации. Вака ли ВМРО-ДПМНЕ го замислува протесното лето со кое ги лажеше граѓаните? Ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ – раскалашеноста, безобразноста и лицемерството беа и останаа заштитен знак за партијата предводена од Христијан Мицкоски, изјави Костовски.

10.08.2022 - 15:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа