Костовски: Ова е борба за живот и смрт за мене

Јас не верувам во оваа Влада, да го искорениме плевелот од корен, но за тоа треба да одиме години наназад, кажа бизнисменот Трифун Костовски за Телевизија 24.

„Стечајот со Еуростандард јас го изнесов и пред Собранието, убеден сум за независна експертиза. Органите се надевам ќе се разбудат. Ако се донесе таква одлука, овој тим од Народна банка треба да си оди. Ова е борба за живот и смрт за мене. Никогаш не сум печалел на туѓа сметка, само труд. Знам што е дигање вреќи цемент, знам што е продавање на ран зеленчук во поранешна Југославија, од работа не се срамам. Се работи за неправда и за голем криминал“ - кажа Костовски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.10.2020 - 10:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа