Костовски: Стечајот на „Еуростандард банка“ е најтешкиот удар што сум го доживеал

Бизнисменот и поранешен сопственик на „Еуростандард банка“, Трифун Костовски, во гостувањето во емисијата „Жешко политичко лето“, на Канал 5 ТВ изјави дека стечајот на банката е најтешкиот удар што го има доживеано.

-Не правев ништо што би требало да биде банката однесена во стечај. Има два концепти за Еуростандард – првиот преку моите колумни ги повикував сите клучни фактори да одговорат зошто одредени процедури и измени на закон се променети. Анита Бежоска беше повикана да одговори зошто ги прескокна алатките што ги има за одземање лиценци на мене и управен одбор. Предупредувања добивавме, но алатките не ги искористи. Физичките лица се исплатени, Обвинителство молчи, а јас не знам зошто сум осомничен. Сега мака мачат како да дадат оправдание зошто е донесен стечајот, вели Костовски во емисијата „Жешко политичко лето“.

09.08.2022 - 20:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа