Костовски за Еуростандард: Не ни дозволија да ја најдеме трагата на парите и тогаш ни го удрија сатарот

Стечајот со Еуростандард јас го изнесов и пред Собранието, убеден сум за независна експертиза. Органите се надевам ќе се разбудат. Ако се донесе таква одлука, овој тим од Народна банка треба да си оди. Ова е борба за живот и смрт за мене, изајви Трифун Костовски за Телевизија 24.

Тој вели дека во овој случај се работи за неправда и за голем криминал.

„Не ни дозволија да ја најдеме трагата на парите, тогаш ни го удрија сатарот. Два дена пред објавувањето на стечајот разговаравме со Народна банка да уплатиме нови 2.2 милиони евра за да го прифатат потенцијалниот партнер од надвор. Не не удоволија. НБ е џелатот, а истата таа банка сега мислела за народот“, вели Костовски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.10.2020 - 11:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега