Костовски:Ако власта имаше систем за справување со кризата и набавеше вакцини, Македонија немаше да биде рекордер по заразени и починати од КОВИД-19

Македонскиот народ има една тешка ситуација, практично во еден од најтешките периоди за македонската држава, а тоа е оваа пандемија, меѓутоа ужасно е најтежок заради тоа што оние кои се справуваат со неа,а тоа е на чело со Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче се сигурно најнеспосoбните политичари во историјата на Република Македонија. Тоа дополнително ја комплицира ситуацијата и токму затоа луѓето се креваат на протести се до оној момент додека овие луѓе не заминат на темната страна на политичката историја, а тоа ќе биде многу наскоро, истакна Дарко Костовски, Пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на денешниот протест пред Министерство за здравство.

Тој во текот на своето обраќање укажа дека оваа Влада има два столба, а тоа се претерување и неизвесност.

– Оваа влада многу ќе ме потсети и на моментот на претерување. Практично двата столба на оваа Влада се неизвесност и претерување. Значи македонскиот народ во моментов чувствува неизвесност и класично претерување.Гледаме се возат со хелихоптери, се возат со мотори тоа доаѓа најчесто кога ќе изгубите тло под нозе, кога нема да имате реална слика, рече Костовски.

Пратеникот Костовски порача дека дека доколку власта набавеше вакцини и имаше систем за справување со ковид кризата бројката на заразени починати немаше да биде толку голема.

Јас немам дилема дека секој човечки живот изгубен во оваа пандемија е грижа на владата. Доколку имаше било каков ситем за справување со кризата, доколку не бевме подбив на регионот и светот особено со моментот со вакцините, јас сум убеден дека бројката вчера немаше да биде 50 починати и дека бројот на заболени немаше да бидат толку многу, туку ќе беа многу помалку. Меѓутоа ова несмаснот од владата по однос на сите прашања мора да запре час поскоро. На Македонија и е потребна една добра влада кој ќе внесе сигурност и скромност и ќе покаже дека знае да се справи со предизвиците, додаде Костовски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.04.2021 - 14:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега