Ковачевски: 10-те дена Крушевска Република симболот на македонска самобитност и непокор

Во предвечерието на Денот на Републиката, 2 август, оддаваме почит на борците од Крушевската Република и на сите борци кои ги положија животите во темелите на нашата република – денешна слободна, независна, демократска, прогресивна и европска, Република Северна Македонија!, стои во Фејсбук објавата на премиерот Димитар Ковачевски.

-10-те дена Крушевска Република симболот на нашата, македонска самобитност и непокор, на нашата континуирана борба за слобода и подобро утре, на нашата заложба за мултикултурно и мултиетничко општество. Илинденците со оружје во рака се бореле за нашата генерација денес да може да води други, поинакви битки, битка за просперитет, подобра иднина и напредок за сите граѓани во Република Северна Македонија. Славата и делата на илинденските херои, се нашата сила за иднината, тие се доказ дека секоја борба вреди, кога се има вредна цел. Вечерва во Крушево, пред Македониумот, изразуваме длабока благодарност за визионерството, идејата за слободна, независна, демократска, прогресивна република и мултикултурно општество, стои во објавата.

01.08.2022 - 11:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа