Ковачевски: Благодарение на лидерството на СДСМ, денес Македонија е стабилна, безбедна земја


Пред 31 година ние станавме земја членка на ОН, под времена референца со оглед на отвореното прашање кое уште од самиот почеток го имавме со Грција и кое прашање остана незатворено уште 27 години. Меѓутоа тогаш благодарение на храброста и одлучноста на претседателот Киро Глигоров и тогашното водство Македонија стана земја членка на ОН а знаевме колку тоа е значајно за градење на една независна држава. – истакна претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во интервјуто за Фронтлајн.

Апсолутно дека имаше отпор и од исти или слични актери коишто ги правеа отпорите при зачленувањето во НАТО. Нашиот отворен процес на преговори со Грција траеше 27 години ако не се лажам. И иако Нимиц го доврши процесот до крај, беше потребно некој којшто како Киро Глигоров што донесе одлука да имаме лидер кој ќе донесе одлука во однос на зачленувањето во НАТО а тоа значеше и решавање на деценискиот проблем отворен со Грција. Ние денес сме земја членка на НАТО и сега гледаме во услови на војна на европскиот континент што значи де се биде дел од најголемата безбедносна одбранбена организација во светот. – рече Ковачевски

И на крајот гледате дека ние отпочнавме преговори со ЕУ. Тоа беше тешка одлука, тоа е одлука која јас ја носев. Чувството на тие преговори е веројатно исто како чувството како и на тие преговори кои ги имал Зоран Заев при преговорите за влез во НАТО и Киро Глигоров при преговорите за влез во ОН. Но, на крајот на денот, знам дека и граѓаните го делат тоа чувство, тоа чувство е како некој со нож да ви го сече стомакот. Кога преговарате меѓутоа од друга страна, лидерот мора да преземе одговорност и да донесе одлука која ќе донесе подобро утре и за нашите деца и за нашите внуци. – истакна претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во интервјуто за Фронтлајн.

08.04.2024 - 13:00

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега