Ковачевски до новинарите: Прашувате за платите на функционерите а не и за платите на директорите кои земаат три пати повеќе
Функционерите земаат плата според закон и ова зголемување се случи кога Уставниот суд укина одредби од законот за плати, изјави премиерот Димитар Ковачевски на новинарско прашање кога ќе ги објават зголемените плати.
„Најавив минатата година дека бидејќи постои неусогласеност и неконзистентност во платите во нашата држава. Вие прашувате за платата на пратеник или министер а не прашувате за платата на директорот на едно регулаторно тело кого го именуваат пратениците, а зема три пати поголема плата и од претседателот на државата и од еден пратеник“ рече Ковачевски.
Затоа, според него, законот за плати треба да изврши усогласување, како што имаат други држави, како во Белгија но и во нашето соседство, каде што ќе се знае која е највисоката плата врз основа на кои критериуми ќе бидат регулирани и другите плати.
Вакво законксо решение веќе се подготвува, нагласи Ковачевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа