Ковачевски до Радев: Наследниците на Гоце Делчев ќе ги вметнат сонародниците на Радев во Уставот
Наследниците на Гоце Делчев ќе ги вметнат сонародниците и наследниците на Радев во македонскиот устав. Вака македонскиот премиер Димитар Ковачевски одговори на провокацијата на бугарскиот претседател, Румен Радев кажана денес.
Ковачевски е дециден дека уставните измени се дел од преговарачаката рамка со ЕУ и ние преговараме со ЕУ, а не со Бугарија.
„Тоа е нешто што ќе тече како процес и треба да се случи за граѓаните да станат дел од Унијата“, категоричен е Ковачевски.
18.05.2023 - 14:14
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа