Ковачевски го нарече паушален предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за покачување на пензиите – „Само да се покаже дека учествуваат во процесот“

Премиерот Димитар Ковачевски денеска на прес конференција, по новинарско прашање околу тоа кога може да се очекува зголемување на пензиите, истакна дека во своето експозе најавил неколку економски политики, меѓу кои се и пензиите.

Според него, во моментов се работи на анализи кои треба да бидат презентирани.

Во однос на предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за покачување на пензиите за 20%, Ковачевски истакна дека ваквиот предлог е паушален.

„Само за да покаже дека учествува во овој процес, меѓутоа не се базира на никаква методологија и на никакви анализи. Спротивно на тоа, ние веќе работиме на методологија која што ќе овозможи одржливо и долгорочно зголемување на пензиите“, додаде Ковачевски.

14.02.2022 - 10:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа