Ковачевски ќе се кандидира за лидер на СДСМ

Првата личност којашто најави кандидатура за партиски лидер на СДСМ е Димитар Ковачевски, моментално на позицијата заменик-министер за финансии и член на Извршен одбор на СДСМ.

Дека ќе се кандидира за претседател на СДСМ, Ковачевски потврдил за „Фокус“.

-Во рокот од 7 дена, ќе подготвам програма и ќе поднесам кандидатура за претседател. СДСМ е партија со најголем кадровски потенцијал и има поголем број истактани членови кои би биле одлични кандидати. Постапката е демократска и секој што ги исполнува условите може да се кандидира. Она што е најважно, сите треба да се обединиме околу избраниот претседател – вели Ковачевски. 

27.11.2021 - 14:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега