Ковачевски на Совет на Европа: Северна Македонија активно придонесува кон колективната одговорност за мирот

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска во рамки на учеството на Самитот на Советот на Европа, во Исланд, даде изјава за медиумите.
„Чест ми е што денес присуствувам на Самитот на лидери на Советот на Европа. Овој Самит доаѓа во еден исклучителен момент кога фундаменталните вредности на кои почива Советот на Европа, а тоа се демократијата, владеењето на правото, посебно на меѓународното право, заштитата на правата на луѓето се доведени во прашање после воената инвазија на Русија над Украина.
Северна Македонија како земја која што секогаш ги негувала и која секогаш ги застапувала овие фундаментални права е дел од овој Самит и јас ќе учествувам во дебатата утре како и на округлата маса на која што е тема токму владеењето на демократијата, унапредувањето на демократијата меѓутоа и начинот на кој да и помогнеме на Украина да се избори за својата слобода, за правото на самоопределување на граѓаните на Украина да имаат своја држава која што ја уредуваат според нивните демократски принципи“, изјави Ковачевски.
16.05.2023 - 22:18
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа