Ковачевски: Ние веќе ги правиме кандидатските листи - ДУИ не знам што прават

Не знам што прават ДУИ но ние правиме листи за изборите, рече екс премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски денеска давајќи изјави за медиумите.

“Не знам ДУИ што прават, но СДСМ јас веќе кажав ќе има кандидатски листи во сите изборни единици. Ние веќе имаме разговори со нашите коалициони партнери, секако дека ќе има разговори и со политички партии кои не се традиционални во нашата коалиција. Доколку се најде заеднички јазик, интерес, ако анализите тоа го покажат, ако прифати партиското членство и раководство, тогаш одлуката може да биде тие листи да бидат проширени и со други политички партии. Но во моментов се работи на определување на кандидати и на листи со коалиционите партнери со кои традиционално одиме на избори и кои се коалициони партнери кои обезбедија членство во НАТО и почеток на преговори со ЕУ, враќање на демократијата и слобода на медиумите.“ – рече Ковачевски.

 

21.02.2024 - 11:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега