Ковачевски: Ниту еден човек не се родил за да биде премиер

 

Премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски во интервју за Сител телевизија рече дека ниту еден човек не се родил за да биде премиер.

„Ниту еден човек не се родил за да биде премиер. Да бидеш премиер е голема чест и голема одговорност. Одговорност да спроведеш визија на граѓаните да живеат подобро, меѓутоа да бидеш искрен со нив“, вели Ковачевски.

Најави и оставка од функцијата тогаш кога уставните измени ќе бидат изгласани.

„Кога ќе ги изгласаме уставните измени јас ќе поднесам оставка и ќе одиме на избори“, најави премиерот Димитар Ковачевски.

Тој додава дека втората опција е доколку ВМРО-ДПМНЕ сака да станат дел од Владата, може да ги добијат половина од местата на СДСМ во Влада.

 

20.08.2023 - 20:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега