Ковачевски: Се придржувам до принципот нулта корупција

„Се придржувам до принципот нулта корупција, со оглед на тоа дека корупцијата е најголемиот проблем во било која држава. Таа прво го уништува системот на вредности во една држава и оние коишто се чесни ги прави наивни, а оние коишто се нечесни се сметаат како снаодливи“, објави на Фејсбук Ковачевски.

„Јас никогаш нема да застанам во одбрана на оние коишто имаат некаква квалификација за одредено дело. Меѓутоа, исто така, ќе повикам сите институции коишто се задолжени за борба против криминалот и корупцијата и како МВР, Обвинителството и целиот судскиот систем да си го завршат својот дел од работата. Целиот систем мора да функционира, сите да си ја сработат својата работа, да ја зголемат транспарентноста и да ја зголемат ефикасноста во работењето“, напиша во својата објава премиерот Ковачевски.

 

21.01.2022 - 11:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега