Ковачевски: Скопјани да бидат спокојни – парно ќе има цела грејна сезона

Претседателот на СДСМ и мандатар за состав на новата Влада, Димитар Ковачевски уверува дека Влада ги презела сите чекори за надминување на кризата со снабдување со топлинска енергија во главниот град.

Тој преку социјалната мрежа Фејсбук им порача на скопјани да бидат спокојни бидејќи парно ќе има во текот на целата грејна сезона со соодветна температура.

-Скопјани да бидат спокојни, парно ќе имаат и денеска, и овој викенд и во текот на цела грејна сезона со соодветна температура. Како што најавив, Владата ги активираше сите механизми, ги презеде чекорите за да обезбеди топли домови и проблемот е надминат. Владините претставници детално ќе информираат за решението на вечерашната прес конференција. Грижата за нашите сограѓани не е предизборен памфлет, туку преземање одговорност кога е најпотребно, напиша Ковачевски на Фејсбук.

14.01.2022 - 18:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега