Ковачевски со Советот на амбасадори: Поддршка за политиките во полза на граѓаните и државата

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски имал средба со претставници на Советот на амбасадори: претседателот Мухамед Халили и членовите на Извршниот одбор, поранешни амбасадори – Тихомир Илиевски, Елеонора Петрова, Азис Положани и Александра Наќева Ружин.

-На состанокот се поздравени навремените реакции на Владата во справувањето со последиците од војната во Украина, како што се историското покачување на минималната плата, покачувањето на пензиите, покажаното разбирање и принципиелната поставеност на Владата во разговорите со СОНК, како и фокусот кон задржување на европскиот курс на државата, преку политики на почитување на европските вредности и постигнување достоинствено решение на предизвиците по тој пат, соопшти владината прес-служба.

Ковачевски соопштил дека Владата е целосно насочена кон поддршка на животниот стандард на граѓаните и на одржливо работење на компаниите, дека надворешната политика е целосно поставена на линија на политиките на НАТО и на ЕУ и дека остануваме посветени на евроинтеграциите со продолжување на реформските процеси и на добрососедските односи кои се можни и одржливи преку меѓусебно почитување.

На средбата е констатирано дека членовите на Советот на амбасадори, како искусни професионалци, со своите активности даваат придонес во развојот на државата и поради тоа е договорено продолжување на соработката на принципиелно ниво помеѓу Владата и оваа невладина организација

21.04.2022 - 19:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега