Ковачевски: ВМРО-ДПМНЕ е единствена во Европа која блокира Собрание во време на криза

ВМРО-ДПМНЕ е единствената партија во Европа која во време на светска економска криза го блокира Собранието, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.
 
„Ние имаме функционална власт, имаме парламентарно мнозинство кое што има 64 пратеници, меѓутоа имаме опозиција која што е единствена во Европа, која блокира Собрание. И тоа се блокади кои најверојатно ќе се договори од утрото, ќе се види што ќе се блокира тоја ден и посота се бојкотираат и блокираат закони кои што се од интерес за граѓаните. На пример, скоро четири месеци доцнеа субвенциите на тутунарите само затоа што опозицијата ја блокираше работата на соодветната комисија и една техничка измена на законот кој што се прави секоја година не беше направена само заради тоа да се бојкотира“ посочи Ковачевски.
 
Претседателот Ковачевски повика на одговорност од сите политички и општествени чинители затоа што светската економска криза се уште трае и сите капацитети треба да бидат ставени во заштита на стандардот на граѓаните.
„Опозицијата треба да биде одговорна, да биде на ниво на задачата бидејќи пратениците се избрани од народот и кога се бојкотирање и блокада на собрание тогаш единствено губат граѓаните затоа што прво закони кои што се од интерес на граѓаните и компаниите не поминуваат.“ заклучи претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски во денешното интервју на Канал 5 телевизија.
02.06.2022 - 19:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега