Ковачевски: ВМРО-ДПМНЕ нема план, завршува со национализам и гол популизам

ВМРО-ДПМНЕ треба да излезе пред граѓаните и да каже “се што сме кажале во изминатите години сме лажеле“, програмата на ВМРО-ДПМНЕ е национализам, гол популизам и на тоа се завршува, вели во интервју за МИА, претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

-Не треба веќе да се подгрева кај граѓаните бидејќи се покажа како лажно она што го правеше ВМРО-ДПМНЕ  што ќе дојдеме на власт ние ќе го вратиме старото име, гледате дека ништо не вратија. Тоа сигурно влијаело и кај граѓаните зашто сега ќе менуваме документи пошто овие кога ќе дојдат ќе го вратат старото име гледате сега дека имаат министри во Владата и нема ништо од враќање на старото име.  Си се сликаат пред табли со Северна Македонија, одржуваат контакти со амбасадори кои што доаѓаат од Грција така да  треба да искочат и да кажат се што сме кажале во изминатите веќе од 2019 до денес се 5 години сме лажеле. Бидејќи тие го лажеле народот дека во моментот кога ќе влезат во Влада ќе го вратат старото уставно име на државата. А тоа беше целата нивна кампања, таму нема економска програма, таму нема социјална програма, таму единствено има како да има кавга со Грција и како да има кавга со Бугарија и како да има кавга со другите етнички заедници во државата. Тоа е програмата на ВМРО-ДПМНЕ проблемот е национализам, гол популизам и на тоа завршува., вели Ковачевски.

Со ВМРО-ДПМНЕ не функционира ниту Скопје а за прв пат после години имаме конфликт меѓу патници во автобуси на ЈСП на етничка основа, додава тој.

-Ние за прв пат после 7 години еве погледнете ги извештаите на ЈСП за прв пат во дел од автобусите имаме конфликти помеѓу патниците во градските автобуси на етничка основа. Знаете само што е променето во тие 7 години, тоа што ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт на локална власт и сега има министри во Владата, вели претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во интервју за МИА.

 

17.02.2024 - 11:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега