Ковачевски за Сител: Со паневропските коридори 8 и 10-д се поврзуваме со Европа и регионот

 
„Измените и дополнувањата на петте закони кои беа изгласани во Собранието, беа со цел да се овозможи подобра, поефикасна и побрза изградба не само на коридорите 8 и 10-д, но и на други инфраструктурни стратешки проекти во државата во делот на патната инфраструктура, железничката инфраструктура, гасната инфраструктура и електродистрибутивната инфраструктура“, посочи претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски во интервју за „Тема на денот“ на телевизија Сител.
„Нашата интенција е да добиеме модерна инфраструктура за поврзување и со законските измени тоа ќе се овозможи“, рече премиерот Ковачевски.
Во однос на измените и дополнувањата на Законот за работни односи, премиерот Ковачевски посочи дека е овозможено работниците врз основа на своја согласност да работат прекувремени часови повеќе во текот на неделата, при што се гарантира и законскиот непрекинат одмор во текот на една работна недела и во текот на еден месец и во текот на годината.
 
„Со блокади во Собрание не може да се направат ниту автопатишта, ниту гасоводи, ниту електродистрибуција“, рече премиерот Ковачевски, додавајќи дека изградбата на коридорите беше поздравена и од премиерите на државите кои учествуваа денеска на самитот на Европската заедница во Кишињев, Молдавија. 
 
„Коридорот 8 е веќе дел од трансевропскиот коридор, за разлика од претходно, односно до пред 1 месец кога беше само коридорот 10 и тој ќе биде еден од клучните коридори како во снабдувањето со енергенси и транспортот на добра“, посочи премиерот Ковачевски во интервјуто за телевизјата Сител.
01.06.2023 - 21:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа