Ковачки: Цел месец молк за пратката од 1 тон наркотици, дали пратката била придружувана со царински возила?
Целосен молк од страна на надлежните институции за скандалот којшто вчера го објавивме, за шверц на 1 тон наркотични супстанци преку скопскиот аеродром.
Молчи Јавното обвинителство, молчи Оливер Спасовски и МВР, молчи и Царина преку која била пропуштена дрогата на аеродромот, велат денеска од ВМРО ДПМНЕ.
Дали истиот ден откако пратката била пропуштена да излезе од скопскиот аеродром, пратката била товарена во превозни средства и истата била придружувана со царинска придружба со ротациони светла? Повторувам, придружувана од царински службеници со ротациони светла.
Надлежните институции треба да одговорат за инволвираноста на раководните структури во МВР и Царината, како и на царинските работници, како и на полициските службеници, кои не спречиле голем шверц на дрога да влезе во Македонија преку скопскиот Аеродром.
Го повикуваме Јавното обвинителство веднаш да постапи по овој случај“, рече Драган Ковачки на партиска прес-конференција.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа