Ковачки: Програмата на ВМРО-ДПМНЕ предвидува распуштање на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители

„Владините криминални структури се влезени во политиката да се богатат, а не да ја оправаат државата. Ова што се случи еве и со последното пукање на градоначалникот на Арачиново, тоа се рецидиви во системот. Тоа се рецидиви кои што влечат корени од минатото. Оливер Спасовски е носител на ИЕ2, човек кој што дозволи експлозија на криминал, експлозија на корупцијата и сега од друга страна кажува дека ќе се борел против истата корупција и криминал. А, гледаме дека тој е тој што не ги спречел овие работи туку напротив дури и ги стимулирал“, истакна Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во ИЕ3 во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија.

Ковачки додаде дека Оливер Спасовски како министер бил должен да ги спречува сите нелегални активности на криминалните банди и групи. Но, Спасовски ништо не преземал за подобрување на безбедноста на државата.

„Ќе потсетам имавме и случаи со упад директно во М-НАВ, каде што имавме упад на една криминална банда која што го загрози воздушниот сообраќај над Република Македонија. Меѓународни летови беа загрозени, вклучително и летовите на Алијансата на НАТО“, укажа Ковачки.

Тој посочи дека криминалните структури мора да си заминат на обвинителни клупи и да си понесат одговорност. Само така може да се воспостави систем и ќе се сопре иселувањето на граѓаните од Македонија.

„Секој што грешел ќе си одговара, тука да нема дилема ниту еден граѓанин и сите треба да бидат спокојни. Македонија конечно ќе ја преземат луѓе кои што и мислат добро на државата, кои што мислат добро на граѓаните. А, не како овие што размислуваат само за свои лични интереси при тоа распродавајќи се што не е нивно“, рече Ковачки.

Ковачки додаде дека да не се одговара за „Дурмо турс“, за тетовската болница, за сите оние пасоши кои што беа издавани на криминалци итн. тоа е доказ за заробеноста на државата.

„Тука го гледате спојот помеѓу извршната власт односно Владата, Јавното обвинителство и судството. Тоа е целосен комплот кој што е под контрола на Владата, односно на СДС и на ДУИ. Затоа ние предлагаме распуштање и на Судскиот совет и на Јавно обвинителскиот совет. Воведување на критериуми, строги критериуми кој може да биде обвинител и кој може да биде судија“, нагласи тој.

 

Тој посочи дека мора да постои правда и право во државата.

02.04.2024 - 19:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега