Ковачки: Само брзи избори се решение за политичката криза кон која Заев ја турка државата

Само брзи избори се решение за политичката криза кон која Заев ја турка државата, со насилие и недемократски методи во политичка криза и неизвесност. Вчера Заев мораше да киднапира пратеник, за на одреден период да си го продолжи мандатот, и можноста за крадење.

Ова денеска на прес-конференција во партиското седиште го истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки. Рече дека со крајно недемократски средства е вршен притисок врз опозициски пратеници кои ставија потпис за пад на Владата.

-Повеќе од 10 часа пратеникот Кастриот Реџепи беше недостапен за јавноста, за неговите сопартијци, колеги и членови на семејство. За на крај одредени медиуми да изнесат информации дека цело време бил во седиштето на една партија од власта. Од вчера оваа влада е единствената власт која нема мнозинство, има само 59 пратеници и е на чело на државата. Оваа влада нема легитимитет да продолжи да владее. Тие можат со недемократски методи да присилат уште пратеник, два или три, но неможат да ја променат реалноста, рече Ковачко.

Вели дека народот на изборите на 31 октомври покажал дека сака промени, а не продолжување на криминалот, корупцијата и насилието.

-Власта само ја продолжи агонијата и продолжува да ја турка државата во бездна. Оваа власт е истата онаа која предизвика енергетска криза, која не е способна да ја реши. Оваа власт е причина за лошото менаџирање со КОВИД кризата и најголемата смртност во Европа. Тие се виновни за 111 место на Транспаренси, затоа што наместо да работат крадат. И кризата, криминалот и корупцијата со овие луѓе уште ќе се продлабочува. Единствен начин за излез од сите кризи, за стабилизирање на државата и нормално трасирање на патот кон ЕУ може да направи само нова влада во која ги нема криминалците од СДСМ. Затоа потребни ни се брзи избори, за стабилна владата способна за справување со сите кризи, вели Ковачки.

 

12.11.2021 - 12:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега