Ковачки: Спасовски пред избори потпиша договор за изнајмување принтери тежок 900.000 евра

„Спасовски пред избори потпиша договор за изнајмување принтери тежок 900.000 евра“, обвинува Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.
„Додека чекаме одговор од Пендаровски и Ковачевски за скандалот во МО со балансерот на кој му кумувала Славјанка Петровска, погледнете како министерот за внатрешни, на крај на мандат, на веќе договорен датум за избори, склучува договор на 3 (три) години за изнајмување на принтери.
Скоро 900.000 евра за изнајмување на принтери!
За тие пари министерот можел да купи 3000 принтери. (!)
Практично, на секои 3 вработени би имало по еден принтер и истите би биле во сопственост на МВР.
Вака, скоро милион евра ќе отидат во ветер, затоа што тие принтери после користењето фирмата си ги зема назад.
Домаќински, нема што. Или провизија е во прашање?“, се наведува во објавата на Ковачки на ФБ.
03.01.2024 - 21:38
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа