Ковачки: ВМРО-ДПМНЕ ќе ја сруши власта

Во вечерашната емисија „За или Против“ на Алфа ТВ гостуваше членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листата за пратеници во третата изборна единица Драган Ковачки кој што истакна дека очекува масовна поддршка од граѓаните и обединување околу ВМРО-ДПМНЕ како политичка структура која ќе ја сруши власта и која носи промени за поквалитетен живот, владеење на правото, и одговорност.

„Честа како носител е моја, и не само моја, имам и тим кој што работи, претседателите односно нашите општински комитети изборните штабови, сите пратеници кои што се на листата сите заедно работиме тимски за една голема победа која што ќе ја донесеме и ќе ја издвојуваме во изборната единица 3 за да му помогнеме на нашиот претседател Христијан Мицкоски да ја формира владата. Состојбата на терен е одлична се движиме помеѓу граѓаните, секојдневно сме таму добро сме прифатени и на сите им е дојдено преку глава од ова владеење на ДУИ и СДСМ и нивните полтрони кои што во изминатиот период буквално продадоа и распродадоа се што можеше да се продаде, крадеа се, а притоа никој не одговараше.  Дојдено е времето за промени и граѓаните сакаат да си ја вратат Македонија во свои раце, да ја вратиме Македонија во твои раце и повторно да ја направиме горда и достоинствена и дома и надвор“ кажа Ковачки.

Ковачки додаде дека СДСМ и ДУИ ќе бидат жестоко поразени од граѓаните поради нивните штетни политики во изминатиот период.

“Анкетите се поблага форма од она на терен што е затоа што навистина е дојдено времето за промени и граѓаните го искажуваат тоа незадоволство буквално во секоја средба со нас. Мислам дека СДСМ и ДУИ нивните газди ќе бидат прилично изненадени од нивниот резултат и ќе бидат жесто поразени, пораз после кој што нема да можат да се соземат тоа го очекуваме и секако после тоа ќе следи одговорност за таа една мала клика која што ја има заробено државата, која што ги има заробено граѓаните да не можат да си излезат од сопствената земја со последниот пример, со пасошите“ кажа Ковачки.

Ковачки потенцираше дека очекува поддршка од граѓаните и обединување околу ВМРО-ДПМНЕ како единствена политичка структура која ќе ја сруши власта и ќе донесе промени за поквалитетен живот, владеење на правото и одговорност.

“Нудеа Европа, нудеа отворени граници, отворен Балкан а дојде време Македонија да биде буквално една конзерва од која што не можете вие да излезете. Станува збор на буквална разочараност на граѓаните од власта. Апатијата полека преминува во ентузијазам тоа го гледаме на терен и граѓаните се волни да ни ја дадат поддршката јас очекувам масовна поддршка очекувам голема историска победа за ВМРО-ДПМНЕ и Македонија. ВМРО-ДПМНЕ е единствената сила која што може да ги порази сите овие структури кои што не и мислат добро на Македонија и кои што правеа зулуми во изминатиот период и тоа го знаат сите и сите граѓани ќе бидат обединети околу ВМРО-ДПМНЕ како единствена структура која што може да ја сруши власта и како структура која што нуди промени во државата за поквалитетен живот за владеење на правото за одговорност и почитување на човековите права“ нагласи Ковачки.

02.04.2024 - 18:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега