Ковачки за носителите на пратеничките листи на СДС: Тие се само едно бледо продолжение на криминалот и корупцијата

Нема што дополнително да се каже за нив. Тие се само едно бледо продолжение на криминалот и корупцијата и на понижувањето на достоинството на македонскиот народ, вели Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ одговарајќи на прашањето кој е неговиот коментар за носителите на пратеничките листи на СДСМ.

Ковачки посочи дека според она што е објавено во медиумите во изборната единица 3 ќе биде заменик претседателката на СДС Сања Лукаревска, за која што рече како втор човек во партијата била директно вклучена во сите предавства на македонскиот народ.

-Од тоа што можевме да го видиме во Изборната единица 3 најверојатно ќе биде заменик претседателката на СДС односно втор човек, лице кое што е директно вклучено во сите предавства на македонскиот народ. Лице кое не превенира, односно не била гласна во делот на крадењето на Македонија и понижувањето. Во изминатиот период сите скандали за кои што сведочи македонската јавност можат директно да се поврзат со второто лице на СДС, рече Ковачки.

 
23.03.2024 - 17:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега