КП „Кале"- Центар Жупа доби мини багер
Јавното комунално претпријатие "Кале" - Центар Жупа доби мини багер, со што значително ќе се подобрат условите за извршување на секојдневните активности и услуги кон граѓаните.
-Тоа во рамки на проектот „Јакнење на капацитетите на ЈКП Кале преку набавка на опрема“. Вредноста на доделениот мини багер е 1.312.632 денари, што е од големо значење за успешно реализирање на активностите на претпријатието, во интерес на нашите граѓани, информираше Аријан Ибраим, градоначалник на општина Центар Жупа.
Оценува дека со тоа е успешно реализиран уште еден значаен проект за подобрување на локалната инфраструктура.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа