Крадци провалиле во вилата на Роналдо

Еден од најдобрите фудлбаери на светот Кристијано Роналдо доживеал голема непријатност.

Како што пренесуваат локалните медиуми, крадци провалиле во неговата вила во Фуншал, на островот Мадеира и украле предмети со мала вредност.

Меѓу украдените предмети е и дресот на Роналдо од Јувентус со неговиот потпис. Крадците ја искористиле задната врата, а местото го напуштиле за многу кратко.

Сето тоа се случувало за време на пријателскиот натпревар меѓу Португалија и Шпанија во Лисабон, која во средата заврши без голови.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.10.2020 - 19:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега