Крадец фатен на дело во Струга

Крадец синоќа бил фатен додека го извршувал делото во Струга.

-Ноќеска околу 00.05 часот на ул.„Кузман Јосифовски Питу“ во Струга, полициски службеници од Полициската станица Струга го лишиле од слобода П.Г.(40) од Струга, затоа што бил затекнат при извршување кривично дело кражба во куќа на наведената адреса, велат од полицијата.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.09.2020 - 10:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега