Крадец на струја од кумановско заврши во затвор


Ноќеска во 03.15 часот, полициски службеници од СВР Куманово го привеле И.Љ.(46) од с.Черкези, кумановско, кој бил баран по потерница врз основа на наредба од Основен суд Куманово за издржување на казна затвор од шест месеци за сторено кривично дело „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“ по член 235-а од Кривичниот законик.

И.Љ. бил спроведен во Казнено - поправната установа Затвор Куманово за издржување на казната.  

11.09.2024 - 11:54

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега