Кремљ: Карантин и темелно тестирање за лицата кои се среќаваат со Путин

Кремљ продолжува да презема посебни безбедносни мерки поради пандемијата на коронавирусот при организирање состаноците на рускиот претседател Владимир Путин, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Лична средба со него е можна или по период минат во карантин или по многу темелно тестирање“, изјави Песков пред новинарите, а пренесе агенцијата Тасс.

Тој додаде дека специјалните мерки пред тет-а-тет средба со Путин зависат од ситуацијата и поединецот.

„Додека се на работа, некои луѓе може да бидат во контакт со заразени лица, некои од соговорниците на претседателот можеби биле болни неодамна итн. Како резултат на тоа, некои лица се подложени на многу темелно тестирање, некои остануваат во карантин со денови, некои пократок период“, објасни портпаролот на Кремљ.

Според него, имајќи предвид дека ситуацијата е далеку од нормална, се преземаат посебни мерки на претпазливост во врска со шефот на државата.

„Во исто време, ова не го спречува шефот на државата да го интензивира својот распоред за работа“, забележа Песков, објаснувајќи дека мисли на неговите состаноци и разговори по региони.

Макфакс

26.07.2021 - 15:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега