Кривична пријава за лице поради неовластено навлегување во компјутерски систем

Кривична пријава добило лице за извршено дело неовластено навлегување во компјутерски систем, известија надлежните служби.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Неготино поднесе кривична пријава против Р.Б.(53) од Република Србија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. На 01.04.2021 во Неготино, пријавениот од банкарска картичка на С.М. од Неготино во осум наврати извадил 84.000 денари, откако претходно ја обезбедил картичката и пин кодот за користење на банкомати“-се вели во дневниот билтен на надлежните служби на МВР.

17.09.2021 - 16:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега