Кривична за две лица: Ваделе бакарни жици и предизвикале пожар

 

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Е.В.(38) од Прилеп, со привремен престој во Струга и против Ф.Н.(61) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.

-Пријавените, на 02.08.2025, на градската депонија во Струга, биле затекнати при вадење бакарни жици од разни предмети, кои потоа ги запалиле и предизвикале пожар, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Од страна на Територијалната противпожарна единица од Струга, пожарот бил изгаснат, а Е.В. и Ф.Н. се лишени од слобода.

06.09.2025 - 14:11

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега