Кривична за скопјанец: Наместо во самоизолација заразил други лица

Дополнителната заменик-министерка за внатрешни работи, Славјанка Петровска, истакна дека МВР ќе поднесе кривична пријава против лицето Ф.К. кое се однесувало спротивно од одлуките на Владата. Ги прекршило мерките за самоизолација и притоа заразило неколку други лица, со што придонело за ширење на епидемијата.

Лицето влегло во земјата на почетокот на март на граничниот премин Табановце. Требало да биде во 14-дневна самоизолација, за што потпишало и документ. Но, тој тоа не го сторил. Наместо во самоизолација, тој имал континуирани средби со најблиските, роднини, со пријателка, но и вработени во фирмата. 

Потоа во полициска станица Карпош, како што Петровска, дал лажен исказ, дека не патувал надвор од земјата.

-Недозволиво е поединци да го изигруваат законот, рече Петровска.

МВР располага и со информации дека дозволите за работа во ноќна смена се злоупотребуваат. Доколку се утврди тоа полицијата ќе постапи крајно рестриктивно и ќе ги лиши од слобода прекршителите.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.03.2020 - 19:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега