Кривичниот совет го одби барањето за одложување на затворската казна на Груевски

 

Кривичниот совет при основниот суд Скопје 1 одлучи да го одбие барањето на Никола Груевски да му биде одложено извршувањето на казната за 2 години затвор за случајот „Тенк“.

Според ова, екс премиерот треба веднаш да се јави во затворот Шутка.

 -По добиени повеќе прашања од медиумите, ја информираме јавноста, дека Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по жалби истакнати од одбраната и обвинетиот во предметот со КОК бр. 59/17, од обвинителството означен како „Тенк“, изјавени против решението на судија за извршување санкции, денеска одржа седница на која по ценење на фактите и доказите во жалбите донесе решение со кое ги одби жалбите и го потврди решениетона судијата за извршување санкции, наведува Судот.

 

 

 

09.11.2018 - 17:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега