„Кризата е далеку од крајот, од овие 5 чекори зависи дали ќе ја запреме епидемијата“ – вести од Италија кои будат надеж

Бројот на пациенти кои што се наоѓаат на интензивна нега поради коронавирусот првпат се намали во Италија во саботата, со што во таа земја забележаа и најнизок дневен пораст на број на смртни случаи во рок од две седмици.

Тамошните власти изјавиле дека острите мерки, како строг карантин и забрана за движење, кои што таму траат околу еден месет, довеле до овие позитивни резултати и нагласиле дека жителите и понатаму треба да останат затворени во своите домови.

„Ова е важна вест затоа што им овозможува на нашите болници ‘да дишат’“ – изјавил челникот на Цивилната заштита Анџело Борели во текот на брифингот за новинари.

Вкупниот број на потврдени случаи во Италија пораснал на 128.948 лица, но властите велат дека успеале да го стабилизираат порастот, надевајќи се дека наскоро ќе следи поголем пад на заболени лица.

„Некои фотографии се шират по социјалните мрежи, кои што покажуваат ‘опуштање’ во однесувањето на некои луѓе, за среќа само кај некои од нив, но не треба нив да ги земате за пример туку останатите“ – изјавил Доменико Аркури, спрецијален владин комесар за контрола со кризата коронавирус.

Тој предупредил дека не е време Италијанците да се вратат на своите животи.

Италијанскиот министер за здравство, Роберто Сперанца изјавил дека кризата е далеку од крајот.

„Ситуацијата останува драматична, вонредната ситуација продолжува и пред нас е долг и тежок месец“ – изјавил тој.

Во интервју за весникот „Ла Република“ тој ги предложил следните чекори во државата за борбата против Ковид-19 – продолжување на социјално дистанцирање, широка употреба на средства за заштита за сите, а не само за здравствените работници, опремување на болниците на целата територија на земјата, зајакнување на здравствените мрежи и масовно тестирање на луѓе...

„Премногу е ризично за останатите пациенти, премногу е ризично за сите. Доколку не продолжиме да бидеме ригорозни, сè што постигнавме досега ќе ‘падне во вода’“ – изјавил министерот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.04.2020 - 09:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега