Крмов: Од 1 до 21 април граѓаните слободно можат да не отвораат врати на попишувачите

Од 1-ви до 21-ви април граѓаните можат слободно да не отвораат врати на попишувачите. Ние се повикуваме на Уставот кој гарантира неповредливост на домот. Тоа може да се наруши само со судски налог, изјави вечерва пратеникот од редовите на Левица, Борис Крмов за Телевизија 24.

Тој истакна дека Левица се сомнева дека ќе има фингирани резултати на пописот меѓу СДСМ и ДУИ.

„Се сомневаме дека ќе има поместување на соодносот меѓу Албанците и Македонците, со тенденција на спуштање на македонскиот народ што пониско и се сомневаме дека за првпат ќе биде внесенео и бугарско малцинство“, рече Крмов.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.03.2021 - 22:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега