Крвава драма во Македонија: Малолетник прободел со нож друго дете

Малолетник во Тетово ранил со нож друго момче, откако претодно се скарале.

МВР информира дека во 19,05 часот било пријавено дека во Тетово на улицата „Илинденска“ во билијард клуб 16 годишен малолетник од Мала Речица-Тетово, по претходна расправија, а потоа и физичка пресметка со остар предмет му нанел убодна рана на 15 годишен малолетник од Тетово.

Повредениот малолетник бил пренесен во Медицинскиот центар Тетово за укажување на лекарска помош.

Осомничениот малолетник бил приведен во полициска станица и се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.01.2020 - 10:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега