Кржаловски: Многу е веројатно меѓувладината конференција со ЕУ да не се одржи

Многу веројатно е дека нема да се одржи меѓувладината конференција со Европската унија, а извесно е и кога ќе се одржи ако продолжи Бугарија продолжи со ваквата реторика.  Политичкиот аналитичар Александар Кржаловски во гостувањето на Сител рече дека јавноста не ги ни знае конечните барања на Бугарија.

-Се насетува дека во крајна инстанца е да снема и македонски народ и македонски јазик, ако се чита од пораките дека крајната цел беше и претходно позната со Грција преговорите. Има грешки и на наша страна што се доведовме во ваква ситуација, бидејќи со постигнувањето на таквиот договор со Грција, што за мене не е компромис, туку попуштање. Тоа е во ред како дипломатска техничкам меѓутоа, ама кога ќе попуштиш еднаш, или на еден, тогаш и сите други сакаат отстапки кои ќе им одат во прилог  без разлика дали се идржани или аргументирани. Бугарија очигледно го користи тоа, рече Кржаловски.

Според него, Македонија би требало да ја искористи ситуацијата и реципрочно да ѝ врати на Бугарија во НАТО, каде и двете држави се членки.

Прашан дали евентуално вето би ја разнишала владата во Скопје, Кржаловски вели оти не би требало со оглед на тоа што скоро имавме избори.

-Ние како народ сме познати по трпение. Мал милион пати сме се разочарале од однесувањето на Европската унија во целост, рече Кржаловски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.10.2020 - 22:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега