Кржаловски: Тоа што Мијалков се појави не дава одговор на прашањето каде затаија институциите

Политичкиот аналитичар, Александар Кржаловски во денешното гостување на Сител за драмата со ексшефот на тајната полиција, Сашо Мијалков рече дека многу „чкрипат“ приказните за неговото враќање.

-Останаа премногу прашања неодговорени, мислам дека во сите приказни има многу дупки, односно чкрипат сите, од таа на Мијалков, до тие на Владата. Мислам дека ова е златна шанса за новинарите да одат до крај и да ги разобличат сите прашања што останаа отворени, рече Кржаловски.

Рече дека не може да се очекува брза разрешница на случајот „Таргет-Тврдина“ каде првообвинет е токму Мијалков, иако предметот в петок треба да добие судска разрешница.

Во однос на влијанието на бегството на Мијалков врз политичката сцена во Македонија, Кржаловски вели оти и власта и опозицијата се обидуваат да ја искористат ситуацијата.

-Притисокот на јавноста беше најголем и треба да се концентрираме на тие одговори да се дадат и каде пропуштија институции. Ова не го решава проблемот што се појави викендот. Тоа што се појави Сашо Мијалков не даде одговори на прашањето каде затаија институциите. И плус, дали самото враќање ослободува од одговорност, ако веќе се распиша потерница, ако веќе се приведуваат луѓе на информативни разговори. Ако се заплениле материјали, што ќе стане со тоа. Ќе се заборави туку така? Ќе има ли ново обвинение за бегство? Така што, има многу работи што требаше и денеска да се одговорат, вели Кржаловски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.02.2021 - 19:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега