Ксами: Ако не добиеме датум, Владата треба да си даде оставка и да распише предвремени избори

Претседателот на Движењето Беса, Билал Касами, изјави дека ако државата не отпочне преговори со Европската Унија, владата треба да даде оставка и веднаш да се распишат предвремени избори.

„Ние како Беса се надеваме дека ЕУ ќе се надмине себеси и во интерес на граѓаните на Македонија што поскоро, односно пред Нова година, земјата ќе добие датум за преговори. Доколку државата не добие датум, тоа го кажа и самиот премиер, ова Влада е мртва, треба да се распишат предвремени избори“, рече Касами.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.10.2019 - 15:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега